Учениците од Студена бара се вратија на настава

29.03.2016 10:25 | KumanovoNews

 Учениците од подрачното основно учиилиште „Браќа Миладиновци„, во село Студена бара, по два дена бојкот утрово се вратиле на настава.

Учениците од Студена бара се вратија на настава

Родителите не ги пуштија децата на училиште, бидејќи сметаат дека училишната зграда не ги задоволува просторните ни хигиенски услови за организирање на настава. Затоа бараат да се реновира училиштата зграда.

Децата во основното образование законски не смејат да прекинуваат наставата а доколку подолжeа со бојкотот нивните родители ќе се соочат со казни.

 Според директорката Марина Манојловска, таа сеуште не добила барање ниту пак некој од советот од родители ја контактирал да се сретнат. Таа вели дека е подготвена да разговараат за сите проблеми што се во нејзина надлежност, но за реновирање на училиштето треба да се обезбедат пари од Министерството за образование.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk