Учениците од утре се враќаат на настава, штрајкот во образованието ставен во мирување

28.04.2022 16:15 | Сузана Николиќ

Учениците од утре продолжуваат со настава, Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) го става штрајкот во мирување. Причина за ваквата одлука на СОНК е добиеното известување од Министерството за труд и социјална политика за мирно решевање на работните спорови.

Учениците од утре се враќаат на настава, штрајкот во образованието ставен во мирување

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков попладнево изјави дека по направените консултации со правни лица, донесена е одлука да се стави штрајкот во мирување додека трае решавањето на спорот.

„Ова е само почитување на законот, доколку не се договориме, повторно ќе го активираме штрајкот. Уверени сме дека во периодот на помирување ќе ги најдеме соодветните решенија и дека нема да има потреба да го активираме штрајкот,“ изјави Неделков.

Изрази надеж дека платите ќе бидат зголемени, дневниците за време на штрајкот нема да бидат скратени и дека колективните договори ќе бидат потпишани и утврдени со рокови. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk