Учениците во “Кочо Рацин“ ќе носат униформи

31.10.2015 10:30 | KumanovoNews

Сите ученици од централното училиште и подрачните училишта на ,,Кочо Рацин”, неделава добија училишни униформи.

Учениците во “Кочо Рацин“ ќе носат униформи

Советот на родители во ,,Кочо Рацин” по донесената одлука, се ангажира  за секој ученик да се набават официјални униформи со лого на училиштето.

“Униформите се препознатливи во сино-­црвена боја и се состојат од маици со кратки ракави и блузони. Учениците прекрасно изгледаат во нив, а родителите се задоволни од квалитетот.  Училиштето е презадоволно од новиот изглед на учениците и од големата посветеност на советот на родителите на  нашето училиште“ - рече Ивана Ѓорѓиевска , библиотекар во “Кочо Рацин“.

Училишни униформи веќе се применуваат во дел од основните и средните училишта во градот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk