Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во селските училишта каде нема спортски сали, преку зима учениците на часовите по физичко образование ќе играат шах.
Според наставните програми, учениците од шесто одделение треба да научат да играат шах. Повеќето селските училишта засега немаат шаховски комплети.
Не располагаме со шаховски табли во училиштето. Кога е студено децата часовите по физичко ги поминуваат во училница. Лани за патронатот направивме шаховски натпревар и имаше пријавени ученици. Дали и колку знаат да играат шах тоа е дискутабилно. Ние сала за спортски активности немаме, има само игралиште едно во Љубодраг и едно во село Уминдол - рече Владимир Јовановиќ, директор на ОУ“Карпош“ од село Љубодраг.
Во ОУ“Кирил и Методи“ во село Романовце пред четири години комплетите за шах се украдени додека имало градежни зафати на објектот. И ова училиште нема спортска сала, и затоа учениците во зима вежбаат внатре.
Моментално едно дете донесе шах од дома и играме на час. Има интерес кај децата, но треба барем три комплети за шах да ни се набават. Кога децата ќе ме прашаат дали може да играат шах, секако дека нема никаков проблем. Кога е ладно вежбаме во училница, бидејќи ходниците се тесни. Тогаш се посветуваме на гимнастика, прават учениците шпага, мост, стој на раце - вели Окјај Јакуповски, наставник по физичко во ОУ“Кирил и Методи“.
Од годинава шахот ќе биде задолжителен за децата од шесто одделение по препорака на европскиот парламент. Се смета дека на 11 години децата треба да ја тренираат својата ментална гимнастика. Професорите по физичко образование кои не знаат да играат шах, дополнително ќе бидат обучени.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk