Ученичка од Крива Паланка победник на ликовниот конкурс за промоција на хумани вредности

22.10.2022 20:42 | Жаклина Цветковска

Лора Христовска, ученичка во ООУ„Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка е државен победник  на ликовниот конкурс на тема  „Промоција на хумани вредности (ПХВ), што го организира Црвениот крст на Македонија.

Ученичка од Крива Паланка победник на ликовниот конкурс за  промоција на хумани вредности

Нејзиниот цртеж, кој го има изработено под менторство на наставникот Лазо Ѓоргиевски, а е испратен преку Црвен крст Крива Паланка, беше прогласен за најдобар во категоријата за 8 и 9-то одделение.

„Во рамките на ПХВ програмата , секоја година се одбележува ПХВ недела од 21-27 септември, а оваа година имаше повик за ликовен конкурс на тема „Промоција на хумани вредности“ за ученици од 6 до 9 одделение. Пристигнаа 550 цртежи, кои беа разгледувани од тричлено жири  од кои двајца академски сликари“, информираат од организацијата.

Во категоријата 6 и 7 одделение победник е Вероника Стојанова од ПУ „Гоце Делчев“ од село Пирава,  за цртеж испратен преку Црвен крст Валандово.

Двете ученички, кои ги пренесуваат пораките за хуманост, солидарност и љубов преку уметноста, како награда добиваат викенд престој со нивните семејства во центарот на Црвениот крст „Солферино“ во Струга.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk