Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ане Илиевска, ученичка во втора година во средното училиште “Наце Буѓони“ освои прво место на регионалниот натпревар по англиски јазик, кој викендов се оддржа во Куманово.
- Прво се оддржа општински натпревар на кој имаше ученици од гиманзијата, од “Наце Буѓони“ и “Перо Наков“, како и ученици од Крива Паланка. Најдобрите од општинскиот веднаш се натпреваруваа на регионален натпревар. Ние сме задоволни од постигнатиот успех бидејќи имаше ученици кои биле надвор од земјата. Ане добро го владее јазикот, има талент кој и понатаму ќе се развива - вели менторот Афродита Догозанска.
Ане Илиевска ќе учествува на државен натпревар по англиски јазик кој до крајот на месец мај ќе се оддржи во Скопје.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk