Училишен прибор за децата што учат српски

23.05.2012 14:13 | KumanovoNews

 По повод одбележување на 21 година од постоењето на Српската заедница во Македонија, членови од регионалниот одбор беа во посета на училиштата во Ново Село, Умин Дол, Љубодраг, Тромеѓа и во градинката кај Чик.

Училишен прибор за децата што учат српски

На децата кои следат настава на српски јазик им подарија училишен прибор. Децата беа воодушевени од подароците, а претставниците од Српската заедница се запознаа со  просторните услови на училиштата во кои се изведува настава.

Вечерва во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во 19 часот ќе бидат промовирани две книги и тоа “Додик чувар српске“ од Милан Љепојевиќ и “Зидање на сонцето“ од Гордана Јовиќ Стојковска. На клавир ќе настапи Милош Спасиќ и камерниот состав “Виво“ од Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk