Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сите основни и средни училишта, можат да аплицираат за учество на меѓународен натпревар, со проекти за солидарност најдоцна до 15 април, организиран од Академијата на Централно Европски училишта.
Темата е “Прегрни ја солидарноста: Ние се грижиме, се осмелуваме и споделуваме“. Право на учество имаат ученици од 12 до 17 години. Најдобрите проекти ќе бидат наградени и добитниците ќе бидат поддржани во реализирањето на проектот. Наставниците и учениците ќе запознаат колеги од другите земји, ќе стекнат нови знаења и искуства.
Работниот јазик е англиски, а меѓу земјите учеснички, освен Република Македонија, се вбројуваат: Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Република Чешка, Унгарија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Република Словачка и Словенија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk