Училиштата ќе добијат дезинфекциски средства за заштита од коронавирусот

04.03.2020 12:22 | KumanovoNews

Од денеска ќе започнe дистрибуција на дезинфекциски средства во основните и средни училиштата во земјава, информира министерот за здравство Венко Филипче.

Училиштата ќе добијат дезинфекциски средства за заштита од коронавирусот

„Набавката на заштитни материјали е во тек, ќе се спроведе евалуација на понудите, додека дезинфекционите средства после потпишувањето на договорот пред два дена, веќе денеска ќе започне да се дистрибуираат во училиштата ширум државата. Утрово разговарав со регионалниот директор за Европа на СЗО, Ханс Клуге, во европскиот регион досега се регистрирани вкупно 3.365 пациенти заболени од корона вирус“, информираше Филипче.

Нови земји во коишто е проширен вирусот се Андора, Латвија и Португалија. Во Србија, Косово и Албанија нема регистрирани пациенти. Утрово, грчкиот министер за здравство го информираше министерот Филипче дека има уште еден пациент заболен од корона вирус во Грција. Сега се вкупно 8, од кои 4 се во Солун, 4 во Атина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk