Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Четирите основни училишта, кои вчера останаа без греење поради недосток на нафта, од утринава работат во затоплени прострии и наставата се одвива редовно.
Како што информираат од Секторот за образование во Општина Куманово, вчера се набавени 7 тони нафта, која е распределена во училиштата и системите за греење се активирани од утринава.
„Денеска очекуваме нови количини на нафта, кои ќе бидат распоредени во останатите училишта за да не ни се појави истиот проблем. Се надеваме дека успешно ќе ги покриеме уште овие неколку дена, а во втроник го потпишуваме договорот со новоизбраната фирма за доставување на гориво и повеќе нема да имаме проблеми, - изјави Жико Крстевски раководител на секторот.
Без затоплување вечера останаа основните училишта „Христијан Карпош“, „Бајрам Шабани“, „Вук Караџиќ“ и “Наим Фрашери„, па наставата се одвиваше со скратени часови.
Училиштата останаа без нафта затоа што завршил договорот со старата фирма, па потребно е време и жалбен рок за да отпочне соработката со новата фирма. Родителите и вработените во училиштата беа револтирани од ваквата состојба и побараа надлежните во општината навремено да си ги извршуваат обврските.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk