Училиштата во Куманово склучиле договор за користење на субвенционирана струја

20.01.2023 16:51 | Ивана Алексовска

Четиринаесет основни и 4 средни училишта склучиле договор со ЕСМ за користење на субвенционирана електрична енергија, додека три мали училишта, поради малата потрошувачка немаат таква обврска.

Училиштата во Куманово склучиле договор за користење на субвенционирана струја

Раководителот на Секторот за образование во Општина Куманово, Александар Јовановиќ, вели дека уште во ноември се дадени  инструкции за постапката за субвенционирање на електрична енергија, по што училиштетата склучиле договори директно со операторот.

„ Во 18 училишта фактурите веќе си течат по новата цена, односно субвенционирана сметка за струја, додека за 3 училишта потенцирано е од операторот дека станува збор за мали училишта, пред се` од рурална средина, со помал број на вработени со помала површина, помал број на ученици, а со тоа и помала потрошувачка на електрична енергија. За нив не е потребно дополнително склучување на договор, нивните фактури се значително помали во споредба со централниите градски училишта, кои знаеме дека имаат далеку поголема потрошувачка“,  додаде Јовановиќ.

 

Од понеделник започнува второто полугодие на учената година  со физичко присуство на учениците. 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk