Училиштата во трка за грант од УСАИД

22.02.2013 08:58 | KumanovoNews

 Повеќето училишта во градот до понеделник можат да аплицираат за добивање грант од УСАИД за реновирање на просториите.

Училиштата во трка за грант од УСАИД

Просветните работници објаснуваат дека треба да потполнат апликација, да добијат согласност од родители, училишен одбор, локална самоуправа, невладин сектор за она што сакаат да го реновираат во училиштето. Тие велат дека ова е само еден дел од програмата на УСАИД за интегрирано образование.

 Сумите не се многу големи, но за училиштето секој денар е важен. Еден од начините да се реновира школата е да се аплицира на проекти. Училиштето може да се досреди, да се разубави. Апликацијата е сложена. Мислам дека повеќето основни училишта ќе конкурираат за грант - додаваат нашите соговорници.

За четири години планирано е 40 училишта да добијат грантови, односно по 10 училишта секоја година ќе добијат пари за реновирање. Слична помош дел од училиштата искористиле пред неколку години.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk