Училиште во Турција ќе го носи името на Македонија, во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот

05.09.2023 14:12 | Сузана Николиќ

Училиште во турскиот град Малатија, кој беше погоден од катастрофалниот земјотрес, ќе биде изградено со средствата собрани од македонските граѓани и ќе го носи името на нашата држава. 

Училиште во Турција ќе го носи името на Македонија, во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот

Црвениот крст и Црвената Полумесечина одлучиле собраните хуманитарни средства во износ од 50.909.796 денари, да се наменат за изградба на училиштето. 

„Во акцијата е собрана донација на парични средства во вкупен износ од 63.380.807 денари. Oд собраните средства, 12.427.334 денари, се испратени на сметката за Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, за помош на настраданото население во Сирија“, соопшти Црвен крст. 

Новото училиште ќе го носи името на Македонија, а 32 училници ќе ги носат имињата на градовите на нашата држава.  Овој акт ќе остави траен белег и доказ за солидарноста на граѓаните на РСМ кон граѓаните на Република Турција. 

Покрај парична и техничка помош, во извлекување на повредените учествуаа и пожарникари од целата земја, меѓу кои и екипа од Куманово.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk