Училиштето „11 Октомври“ доби нова фасада, остана да се реновира уште спортската сала

07.04.2023 15:23 | Оливера Пешевска

Со новата фасада, се заокружи процесот на реконструкција на зградата на Основното училиштето „11 Октомври“ во Куманово, која започна пред две години. Предвидено е целиот процес да се одвива низ три фази,  а останува уште реконструкцијата на спортската сала.

Училиштето „11 Октомври“ доби нова фасада, остана да се реновира уште спортската сала

„Во предходните две фази инсталирана е нова столарија, поставени се нови подови и извршена е целосна реконструкција на тоалетите, а со поставување на термоизолирана фасада и замена на дел од покривот се обезбедува енергетска ефикасност на објектот, кој носи бенефит и за учениците и за сите вработени. Комисијата утврди дека проектот е изведен во согласност со проектот и договорот, квалитетно, навремено и согласно сите важечки прописи“, изјави Елизабета Костиќ, директорка во ОУ „11 Октомври“.

Проектот е финансиран од Министерството за образование и наука, а во првата фаза се потрошени близу 15 милиони денари.

Останува уште реализација на третата фаза, реновирање на спортската сала на училиштето.

 „Предвидена е замена на подовите и ѕидовите на спортската сала, како и замена на дотраените спортски справи. Се уште не се знае кога точно би започнала финалната фаза и колку ќе чини, се чека одлука на МОН“, вели Костиќ.

Во моментов училиштетото го посетуваат над 430 ученици, откако последната година имаат благо покачување на бројот на ученици.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk