Училиштето „Христијан Карпош“ го прослави патронатот

06.02.2020 12:23 | KumanovoNews

Основното училиште „Христијан Карпош“ во населбата „Перо Чичо“, денеска одбележа шеесет и една година од своето постоење и 76 години од смртта на козјачкиот херој.

Училиштето „Христијан Карпош“ го прослави патронатот

Присутните имаа можност да проследат богата културно уметничка програма, која ја подготвиле учениците заедно со наставниците.

Директорката, Лидија Костиќ истакна дека се горди за резулатите кои што ги постигнале изминатиот период.

- Нашето училиште успешно опстојува 61 година и е препознатливо во општината, државата и пошироко, индивидуално, групно. Работиме со учениците и наставниците на многу проекти, веќе имаме многу партнер училишта од државата и од европските држави, -изјави Костиќ.

На манифестацијата присуствуваа претставници од општината, секторот за образование, советот, училиштата, родители и бројни ученици.

Училиштето Христијан Карпош го посетуваат над 1200 ученици и најбројно е во општината.

(Извор Тв Плус)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk