Училиштето „Христијан Карпош„ обраснато во трева

25.08.2010 14:05 | KumanovoNews

 Во дворот на основното училиште „Кристијан Тодоровски- Карпош„ ќе се изведат змии колку е запуштено и обраснато во трева, а само за неколку дена нашите деца треба да тргнат на училиште, обвинуваат родителите.

Училиштето „Христијан Карпош„ обраснато во трева

 Тие бараат  надлежните во училиштето да го уредат  дворот, инаку се закануваа со  граѓанска непослушност.

Срамота е во приградско училиште да ги праќаме нашите деца во двор со над метар висока сува трева, како да сме во планина. Змии се изведоа од несредениот двор и неискосената трева со месеци. Таа е повисока од децата. Ова нема да го дозволиме. Ќе бараме овој проблем да биде решен во најкраток можен рок инаку се закануваме дека на 1 септември децата нема да ги пуштаме  на училиште - велат неколкуте вознемирените и револтирани родители.

Од училиштето велат дека досега не се известени за револтот на родителите и до нив нестигнала никаква пријава.

Ние сме спремни да ги сослушаме родителите и да разговараме за било кој проблем и најискрено се надеваме дека ќе најдеме компромис-велат од училиштето.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk