Училиштето кај Соколана ќе се реновира до 2015

10.09.2013 07:22 | KumanovoNews

Проектот го доби основното училиште “Браќа Миладиновци“ и треба да се имплементира најдоцна до 2015 година.

Училиштето кај Соколана ќе се реновира до 2015

Со грант од УСАИД во вредност од 30.000 долари ќе се реновира училишниот објект кај Соколана. Проектот го доби основното училиште “Браќа Миладиновци“ заедно со ОУ “Бајрам Шабани“ а се однесува за мултиетничка интеграција во образованието.

Фондотот е 30.000 долари а ќе се употребат за санирање на столарија и тоалетите во школото. Проектот има за цел да се подобрат условите за децата. Рокот за реализација е до 2015 година - изјави Марина Манојловска, директор на ОУ “Браќа Миладиновци“.

Училниците од некогашното економско училиштр се во мизерна состојба, поради што родителите на првачињата мината недела регираа и побараа од надлежните институции да обезбедат сретства за нивно реновирање.

 Со проектот на УСАИД , покрај сретствата за подобрување на просторните услови во “Браќа Миладиновци“ и “Бајрам Шабани“, предвидени се и заеднички секции и екскурзии, излети, ќе подготвуваат заеднички наставни програми, а  ќе има соработка и на ниво на совет на родители.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk