Училиштето од Драгоманце ќе организира продажен базар

09.12.2014 10:36 | KumanovoNews

Основното училиште “Христијан Т.Карпош“ од село Драгоманце, до Нова година ќе организира продажен базар за рачноизработени украси и честитки.

Училиштето од Драгоманце ќе организира продажен базар

Собраните средстава ќе се искористат за потребите на учениците.

“Ќе биде тоа акција од ученици за учениците.  Во изработката на украсни предмети ќе се вклучат и родителите. Децата се многу креативни и затоа ги подржуваме, она што го знаат и умеат да се искористат во позитивна насока“- изјави Стојка Спасовска, директорка на “Христијан Т.Карпош“.

Училиштето за прв пат ќе организира продажен базар и се надеваат дека тој ќе наиде на прием кај луѓето.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk