Училиштето во Клечовце реновирано со чешка донација

10.09.2018 11:53 | KumanovoNews

 Основното училиште „Вера Которка“ во селото Клечовце, доби нова фасада, врати, прозорци, и тоалети со средства од Чешката Република.

Училиштето во Клечовце реновирано со чешка донација

Вредноста на проектот е 15.000 евра. Денеска училиштето го посети амбасадорот на чешка Мирослав Томан и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

- Имавме прилика пред 6 месеци да разговараме за имплементација на овој проект и еве сега стана реланост.Сакам да се заблагодарам на чешкиот народ и на амбасадорот за донацијата. Клечовце беше порано општина, во меѓувреме потпадна под Куманово и ние треба да го развиваме и градиме, - рече Димитриевски, кој се заблагодари на наставничкиот кадар за посветеноста во образовниот процес.

Тој најави изградба на мал плоштад во центарот на селото.

Амбасадорот Томан изрази задоволство што донациите и проектите што ди дава Чешката амбасада се користат за децата и за нивната иднина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk