Училиштето во Младо Нагоричане го славеше патронот

09.02.2011 09:13 | KumanovoNews

Основното Училиште „Христијан Карпош„ во селото Младо Нагоричане, вчера го прослави патрониот празник и 55 години постеоење.

Училиштето во Младо Нагоричане го славеше патронот

По тој повод во училиштето беше организирана ликовна колонија, литературниот конкурс и спортски натпревари во пинг понг на општинско ниво. Јубилејот на училиштето и патрониот празник беше прославен со прогодна свеченост, која се одржа под мотото „Најголемата ризница на богатство е знаењето„.

Во просториите на училиштето на патрониот празник присуствуваа: градоначалникот на општина Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ, советници од општините Старо Нагоричане и Куманово, советниците од Бирото за развој на образование, директори на основни и средни училишта, пријатели на училиштето и други гости.

Голема подршка за организацијата на патронатот, училиштето доби од градоначалникот на Општината, како и од советниците од бирото за развој на образованието.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk