Училиштето во „Умин Дол„ догодина ќе добие нов тоалет

18.11.2014 11:07 | KumanovoNews

Во основното училиште „Карпош„ во селото Умин Дол, наредната година ќе се гради нов санитарен јазол.

Училиштето во „Умин Дол„ догодина ќе добие нов тоалет

Ова е предвидено со програмата за 2015 година, а за таа намена ќе бидат потрошени 10 иљади евра.

Предложив да се изгради нов санитарен јазол, бидејќи постоечкиот е стар 50 години и се наоѓа на 100 метри од училиштето, без вода и основни хигиенски услови. Стариот и руиниран објект го загрозува здравјето на учениците. Со изградбата на новото веце ќе се реши долгогодишниот проблем кој го имаа учениците, вработените и наставниците,- изјави советникот на ДПСМ Саша Николиќ, кој го поднесе амандманот до советот на општината.

Во основното училиште „Браќа Рибар„ во селото Табановце, пак, ќе се гради пешачка патека во должина од 50 метри од влезот на училиштето до школското веце.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk