Учиме за штедењето - „Финансиска училница“ на Комерцијална банка во Куманово

04.11.2024 15:18 | KumanovoNews

Учиме за штедењето - „Финансиска училница“ на Комерцијална банка се одржа во Куманово, при што беше посетено ООУ „Крсте Мисирков“.

Учиме за штедењето - „Финансиска училница“ на Комерцијална банка во Куманово

„По повод Месецот на штедење, решивме оваа недела да ја започнеме со „Финансиска училница“ и за таа цел го посетивме 7-Г одделение во ООУ „Крсте Мисирков“ во Куманово.  На наше огромно задоволство, учениците и нивните наставници нѐ пречекаа со радост и со желба да стекнат знаење за финансиите, а особено за штедењето како корисна навика. На децата им пренесовме важни и корисни информации за штедењето како добра навика за цел живот и за финансиска независност,  правилно користење на финансиските продукти и избегнување ризици и ефикасна грижа за личните финансии“, вели Маја Ѓеорѓивска , директорка на Филијалата во Куманово. 

Сега „Финансиската училница“ на Комерцијална банка е уште побогата затоа што има не само поголем број ученици туку и уште поголем придонес за зголемување на финансиската писменост кај населението, а особено кај децата кои од мали треба да стекнат здрави и исправни финансиски навики. 

На тој начин полесно е заедно да стигнеме до поголема благосостојба и поздрава финансиска иднина. 

Учиме за штедењето - „Финансиска училница“ на Комерцијална банка се одржа во 12 градови во земјата пред 640 ученици.

(ПР Текст)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk