Удари од гром предизвикаа пожари во Проевце и кај Градските гробишта

25.07.2022 09:17 | Сузана Николиќ

Големи пожари настанаа синоќа околу 20 часот како последица на електрични празнења од невремето што кратко го зафати Куманово. 

Удари од гром предизвикаа пожари во Проевце и кај Градските гробишта

Според Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) од удар на гром во бор во с. Проевце, во кругот на Ловачки Дом, се запалила сува трева, а горело и дрвото во периодот од 20.35-21.35ч. 

Вториот пожар е регистриран на ул. Стојан Арсов во близина на Градските гробишта, кој настанал како последица од електрично празнење. Изгаснат е за околу 50 минути.

Противпожарната едниница од Куманово во текот на вечерта интервенирала на отворен простор и во селато Студена Бара,  во Средорек - на репетитори, во с. Долно Којнаре на запален помошен објект и сува трева м.в. Четирска маала.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk