Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Старец загинал кога тракторот му се превртел откако удрил во дрво.
Несреќата се случила вчера во 18 часот во атарот на Старо Нагоричане. Ц.М. (82) од селото Старо Нагоричане, додека орал со трактор на нива во м.в.„Бела грамада“, удрил во дрво, по што тракторот се превртел, а старецот починал на лице место.
Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи-Куманово.
Со одобрение на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk