Удрил во бетонски столб додека превезувал мигранти, а потоа избегал

18.07.2020 13:33 | KumanovoNews

 На автопатот Куманово – Скопје, вчера во 7.50 часот, на наплатната станица Миладиновци, товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од за сега непознат возач, удрило во бетонски столб на една од кабините.

Удрил во бетонски столб додека превезувал мигранти, а потоа избегал

По незгодата, возачот побегнал од местото, а при преглед во возилото, во товарниот дел биле пронајдени 43 лица мигранти од кои 13 од Бангладеш, 11 од Пакистан, 10 од Сирија, пет од Авганистан и четири од Турција.

Во незгодата, едно лице се здобило со телесни повреди. За настанот бил известен Јавен обвинител, а мигрантите биле сместени во прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk