Удрил во возило запрено од полицијата и избегал

11.01.2016 09:51 | KumanovoNews

 Полицијата вчера кај железничката пруга во село Речица стопирала автомобил, по што друг автомобил на нивен знак не застанал,  туку удрил во запреното возило и побегнал.

Удрил во возило запрено од полицијата и избегал

Полицајците вчера околу 1.50 часот стопирале автомобил Голф 3 со кумановски таблички кое го возел В.С, при што од насока на село Ваксинце кон Речица наишол друг автомобил и при даден знак за застанување со батериска ламба, го удрил голфот на задната лева страна и со голема брзина се упатил кон Речица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk