Угостителските објекти од четврток ќе работат до 21 часот

19.01.2021 13:42 | KumanovoNews

Рестораните и кафулињата од четврток ќе работат до 21 часот, објави премиерот Зоран Заев, откако на денешната владина седница ги разгледале епидемиолошките насоки.

Угостителските објекти од четврток ќе работат до 21 часот

„Со оваа одлука завршува и вонредното ограничување на работното време во угостителските објекти на бензиските пумпи, како и за гостите сместени во хотелите, мотелите, хостелите и останатите сместувачки капацитети, при што истите ќе можат да работат со редовното работно време утврдено со законот за работа на овие угостителски капацитети“, вели Заев.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека следната недела, откако ќе се анализира епидемиолошката состојба во земјата, можно е да се дозволи угостителските објекти да работат до 23 часот.

Угостителските објекти од 18 декември работат до 18 часот како дел од мерките на Владата донесени пред новогодишните празници, со цел да се спречат групирања и новогодишни прослави.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk