УХМР: Се очекуваат обилни врнежи и засилен ветер

28.01.2015 13:55 | KumanovoNews

Од петок попладне, под влијание на циклонска активност и серија влажни бранови од Медитеранот ќе  има нови пообилни  врнежи  од  дожд,  придружени  со  засилен  јужен ветер и локална појава на грмежи, информираат од УХМР.

УХМР: Се очекуваат обилни врнежи и засилен ветер

Првиот поинтензивен бран на врнежи ќе биде ноќта петок кон сабота и поизразен ќе биде во западните и  јужните делови, каде локално се очекува да наврнат  над 40 литри дожд на метар квадратен.

“Во сабота преку денот ќе има извесен прекин на врнежите, а нов поинтензивен влажен бран ќе има во  ноќните часови кон недела и  во недела претпладне,  кога на места врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и локално ќе наврнат нови 30 литри дожд на квадрат. Во петок и сабота ќе дува засилен до силен  јужен ветер, кој на места ќе достигнува брзина над 80 км/час“ - вели Лена Јовановска, дежурен синоптичар во УХМР.

И во понеделник се очекуваат врнежи од дожд, но тие  ќе бидат со слаб доумерен интензитет. За време на викендот дневните температури ќе бидат релативно високи и  ќе се движат од 7 до 13 степени, а од понеделник ќе опаднат за неколку степени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk