УХМР: Во среда температури над 30 степени

04.05.2015 11:35 | KumanovoNews

Под влијание на топла воздушна маса од југ, до четврток ќе преовладува сончево и многу топло време.

УХМР: Во среда температури над 30 степени

Се најавуваат високи температури кои не се вообичаени за овој период од годината.

Во среда на повеќето места ќе надмине 30, а во југоисточните делови ќе достигне до 34 степени. УВ индексот ќе има висока вредност 7. Во четврток ќе биде нестабилно, со локален пороен дожд, грмежи и засилен веетр - вели Ленче Ризова, дежурен синоптичар на УХМР.

Намалување на температурите се очекува во петок.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk