УХМР: Водостоите на Пчиња, Крива Река и Липковка на претпазливо ниво

22.10.2015 09:25 | KumanovoNews

Водостоите на реките Пчиња, Крива Река и Липковка се на претпазливо ниво, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје.

УХМР: Водостоите на Пчиња, Крива Река и Липковка на претпазливо ниво

Нивна препорака е дека треба да се внимава на водотеците во повеќе региони, меѓу кои е и кумановскиот.

Моменталната состојба со водостоите на водотеците од државната хидролошка мрежа е во рамки на просекот и над просекот, и без изразити скокови во однос на претходниот ден, но од добиените информации за врнежите очекуваме покачување на водостоите на сите водотеци и природни езера. Колкав ќе биде порастот на водостоите ќе зависи од интензитетот на врнежите кои паднале или ќе паднат во сливните подрачја. Поради ова препорачуваме постојано следење на состојбата со врнежите - стои во соопштението од УХМР.

Најавите на синоптичарите се дека врнежите ќе продолжат и во текот на денешниот ден.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk