УЈП аплеира до граѓаните да се регистрираат во системот до крајот на неделата

25.12.2018 12:23 | KumanovoNews

Управата за јавни приходи(УЈП) ги повикува граѓаните кои не ја исполниле својата обврска да се регистрираат на системот е-Персонален данок, бидејќи крајниот рок за пријавување истекува на 31 овој месец.

УЈП аплеира до граѓаните да се регистрираат во системот до крајот на неделата

Од УЈП информираат дека покрај шалтерите во Регионалната дирекција во Скопје, отворени се и дополнителни шалтери во општините. Така, шалтери на УЈП се отворени во зградата на урбаната заедница Ѓорче Петров кај полициската станица и во општинската зграда во Аеродром и тие ќе работат од 8 до 18 часот до 31 декември. Шалтери се отворени и во општините Кисела Вода, Гази Баба и Чаир со работно време од 8 до 16 часот.

Регионалните дирекции на УЈП во Скопје, Штип, Тетово и Битола ќе работат од 7 до 21:30 часот, освен на 31 декември кога работното време ќе биде до 16:30 часот. Регионалните дирекции ќе бидат отворени за граѓаните и во последните две саботи од месецот, односно на 22 и 29 декември со работно време од 8 до 14 часот.

Од УЈП информираат дека функционира и „Мобилен даночен шалтер“ којшто ги посетува оние населени места во Скопје каде Управата за јавни приходи нема постојано даночни канцеларии.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk