УЈП ќе почне со присилна наплата на радиодифузна такса

02.11.2015 10:00 | KumanovoNews

Граѓаните кои имаат заостанати долгови за радиодифузна такса, треба да ги платат во најкраток можен рок, за да не се изложуваат на дополнителни трошоци на присилна наплата и блокирање на нивните сметки.

УЈП ќе почне со присилна наплата на радиодифузна такса

Оваа активност УЈП ќе ја отпочне од 15 ноември 2015 година кон должниците на оваа јавна давачка.

УЈП доставува известување (опомена) до обврзникот секој месец, за износот на заостанатиот долг во решението за РДТ.  Препорачуваме граѓаните за проверка на состојбата на долговите за РДТ и за проверка дека извршеното плаќањето на РДТ е евидентирано во УЈП, да го користат електронскиот сервис е-РДТ или со доказ за извршена уплата да се обратат во даночните канцеларии, со цел да се осигураат дека нема да биде спроведена присилна наплата на долговите.

Со цел намалување на времето и трошоците за плаќање на РДТ, без чекање на шалтери, граѓаните може да извршат плаќање на таксата со Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка преку интернет, користејќи ја електронската услуга „е-радиодифузна такса“ http://etax.ujp.gov.mk.

Регистрацијата за е-РДТ е бесплатна, брза и едноставна, единствено што ви е потребно е пристап до интернет и е-пошта.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk