УЈП:Интернет плаќање на даноци со безготовинска картичка

15.10.2015 10:12 | KumanovoNews

Управата за јавни приходи со услугата „е- плаќање на даноци“ озвоможува да заштедите време, да ги избегнете каматите за задоцнето плаќање, и како даночен обврзник да вршите он-лајн преглед и плаќање на вашите даночни долгови за персонален данок, ДДВ и радиодифузна такса.

УЈП:Интернет плаќање на даноци со безготовинска картичка

Плаќајте даноци преку интернет со вашата Виса, Маестро и МастерКард безготовинска картичка. Единствено што треба да направите е да се регистрирате и да креирате ваш кориснички профил на електронскиот сервис “е-плаќање на даноци“ https://etax.ujp.gov.mk. Новата електронска услуга на УЈП “е-плаќање на даноци“ овозможува секој граѓанин да врши он-лајн плаќање на персонален данок,  ДДВ и радиодифузна такса со безготовинска картичка Виса, Местро и МастерКард издадена од домашна банка. Регистрацијата на “е-плаќање на даноци“ е бесплатна“- вели Сузана Стошевска Николовска, регионален портпарол на УЈП.

Граѓанинот може да врши преглед и во секое време да има увид во состојбата на даночните долгови. Новата услуга за интернет плаќање на даноци е автоматски овозможена за 23.328 даночни обврзници.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk