УЈП организираше обука за е - даноци

17.04.2013 13:26 | KumanovoNews

Вработени од Управата за јавни приходи денеска во Центарот за култура "Трајко Прокопиев" оддржаа обука за е-даноци.

УЈП организираше обука за е - даноци

Од 1 јули годинава, тримесечните ДДВ обврзници имаат законска обврска ДДВ - пријавите и даночните биланси да ги поднесуваат до УЈП електронски.

 На оваа обука , правните лица самостојните вршители на дејност и сметководствени бироа имаат можност да се стекнат со знаења и практични примери за начинот на регистрација на системот е - даноци, електронско поднесување на даночни пријави и други формулари до УЈП, увид во даночни картици, преглед на извештаи и друго - изјави Стефан Симоновски ,самостоен даночен советник во даночно одделение Куманово.

На овој начин се забрзува постапката, се намалуваат трошоците за финансиско работење, се намалуваат грешките при потполнување на обрасците и се следи статусот на пријавите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk