УЈП присилнo ќе ја наплаќа радиодифузна такса

09.06.2016 07:44 | KumanovoNews

 Управата за јавни приходи (УЈП) ќе започне со присилна наплата на заостанатиот долг за радиодифузната такса.

УЈП присилнo ќе ја наплаќа радиодифузна такса

„Ги повикуваме граѓаните кои имаат заостанати долгови за радиодифузна такса, да извршат плаќање на оваа јавна давачка во најкусо време, бидејќи Управата за јавни приходи ќе отпочне со активности и постапки за присилна наплата. Со цел обврзниците да не се изложуваат на блокирање на сметки и дополнителни трошоци, препорачуваме навремено да проверат дали имаат заостанати долгови, односно истите доброволно да ги платат, - стои во соопштението на УЈП.

Со цел да се избегне чекањето на шалтери, граѓаните може да извршат плаќање на таксата со Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка преку интернет, користејќи ја електронската услуга „е-Радиодифузна такса“ https://etax-fl.ujp.gov.mk/index_rdt.jsp.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk