УЈП: Секој во Македонија мора да плаќа данок

06.07.2012 08:48 | KumanovoNews

На протестот на пазарџиите од УЈП одговараат дека уставна и законска обврска на сите граѓани е да плаќаат данок.

УЈП: Секој во Македонија мора да плаќа данок

 Земајќи ја во предвид категоријата и структурата на граѓаните кои работат на пазарите, УЈП ги исполни нивните барања да плаќаат паушален данок кој во Куманово се движи од 12 до 15 денари дневно, односно од 350 до 750 денари на месечно ниво. Ова се симболични износи и наједноставни постапки за плаќање на данок што во суштина беа и барање на пазарџиите пред неколку години - вели Сузана Стошевска-Николовска, координатор во УЈП Куманово.

Од оваа институција додаваат дека земјоделците кои се регистрирани и плаќаат паушален данок не се оданочуваат повторно. Тие апелираат да не се манипулира со земјоделците кои ги продаваат своите производи на пазарите. Од УЈП велат дека сите кои остваруваат приходи, а не плаќаат данок се дел од сивата економија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk