УЈП со ново работно време догодина

25.12.2014 14:29 | KumanovoNews

Од 1 јануари 2015 година, даночно одделение Куманово ќе работи со продолжено работно време.

УЈП со ново работно време догодина

Во работни денови странки ќе се примаат до 18 часот, а во сабота до 14 часот.

„Поради совпаѓање на работното време на голем дел од физичките и правните лица со работното време на УЈП, странките често немаат можност во текот на предвиденото работно време да ги завршат своите обврски. Од тие причини, го продолжуваме работното време на шалтерите на УЈП со што нашите услуги ќе бидат подостапни за граѓаните и фирмите“ - велат од УЈП.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk