УЈП со обука за паушално оданочување на земјоделците

08.01.2016 10:23 | KumanovoNews

Управата за јавни приходи месецов ќе организира обука за регистрација и паушално оданочување за земјоделците.

УЈП со обука за паушално оданочување на земјоделците

Обуката ќе се одржи во просториите на Даночно одделение Куманово на 14 јануари со почеток во 12 часот. Обуката ќе трае еден ден и е бесплатна, а учесниците имаат обврска два дена претходно да се најават кај одговорното лице во УЈП.

Овој месец со обуки ќе бидат опфатени земјоделците од Свети Николе, Пехчево, Банско, Берово, Штип, Кратово, Пробиштип, с.Просениково, с.Јанковец, с.Умлена, с.Робово, Радовиш, Дојран, Охрид, Кочани, Ново Село, Делчево, Виница, Босилово, Василево, с.Будинарци, с.Митрашинци, Крива Паланка, Демир Капија, с.Стругово, Крушево и Кавадарци.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk