УЈП со засилен мониторинг и во летниот период

25.07.2018 07:47 | KumanovoNews

Управата за јавни приходи(УЈП) активно ја следи даночната дисциплина кај сите даночни обврзници, ставајќи посебен акцент на даночните обврзници во туристичките места во нашата земја.

УЈП со засилен мониторинг и во летниот период

Даночните обврзници што вршат дејност во туристичките места, како и субјектите кои се позиционирани на патните делници се предмет на засилен мониторинг од страна на Управата за јавни приходи, преку зголемено присуство на терен и ангажирање на сите расположливи капацитети.

Апелираме даночните обврзници редовно да ги подмируваат даночните обврски и укажуваме на потребата од зголемување на даночната дисциплина особено за време на летната и туристичката сезона, со цел избегнување на даночни и прекршочни постапки со кои би се соочиле бизнисите, а со кои би се намалила нивната сезонска заработка и углед. Навременото и уредното плаќање на даноци е предуслов за создавање на еднакви услови на пазарот и лојална конкуренција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk