Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Управата за јавни приходи Куманово има потреба од еден волонтер, студент, кој ќе работи од 15 јуни до 15 септември годинава.
Се повикуваат студенти од областа на општествените и хуманистичките науки, техничко – технолошките науки и природно – математичките науки, да се пријават на јавниот повик до вторник. Заинтересираните кандидати потребно е да приложат уредна документација која треба да содржи: потврда за статусот на студент, писмо за интерес со кратка биографија и податоци за контакт.
По истек на рокот за доставување на документи, селекцијата ќе ја врши Секторот за човечки ресурси врз основа на доставените документи, а по потреба и со дополнително повикување на интервју во просториите на УЈП.
Избраните кандидати ќе бидат повикани да склучат договор за волонтирање во УЈП.
Во цела Македонија во даночните одделенија ќе бидат ангажирани 30 волонтери.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk