УЈП воведува плаќање на даноци со безготовинска картичка

06.10.2015 13:31 | KumanovoNews

Управата за јавни приходи овозможува плаќање даноци преку интернет со вашата Виса, Маестро и Мастеркард безготовинска картичка.

УЈП воведува плаќање на даноци со безготовинска картичка

Единствено што  граѓаните треба да направат е да се регистрираат и да креираат кориснички профил на електронскиот сервис „е-плаќање на даноци“ https://etax.ujp.gov.mk .

Услугата „е-плаќање на даноци“ ви овозможува да заштедите време, да ги избегнете каматите за задоцнето плаќање, и како даночен обврзник (физичко лице) да вршите он-лајн преглед и плаќање на вашите даночни долгови за персонален данок, ДДВ и радиодифузна такса. Со оваа услуга се заштедува време и нема потреба од чекање по шалтери.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk