Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Уставниот суд на денешната седница изрече времена забрана за владината уредба со која се ограничуваше движењето на граѓаните постари од 67 години и од утре тие ќе можат да излегуваат од 5 до 19 часот, како и другите граѓани, а не од 5 до 12 напладне.
Уставниот суд изрече времена забрана и за ограничувањето за лицата помлади од 18 години. И за нив, полицискиот час ќе важи како и за останатите граѓани од 19 до 5 часот, место да смеат да излегуваат само од 12 до 19 часот.
„Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 1 точки 2 и 3 од Одлуката за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.107/2020) и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на Одлуката чија уставност ја оценува согласно член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението.
Донесени се измени и дополнувања на одлуката за ограничување на движењето во вонредна состојба со која забраната за движење од 19:00 до 05:00 часот сега важи за сите граѓани, вклучувајќи ги и лицата над 67 години, како и децата и младите до 18 години, - соопштуваат од Владата
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk