Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановец останал без пари и злато во вредност од 25.000 евра, откако непознат сторители влегле во куќата додека тој не бил дома.
Кражбата се случила синоќа во домот на А.А., кој се наоѓа на улицата „Поток Серава“, во периодот од 20.30 до 22.18 часот. Крадецот се прекачил на терасата од катот на куќата, насилно го отворил прозорот од спалната соба, влегол внатре и ја пребарал. Го пронашол куферот со накит во кој имало обетки, бисери, нараквици, огрлици, прстени, часовник, сребрен накит, ланчиња во вредност од околу 18.500 евра и 6.500 евра во разни апоени. Се преземаат мерки за пронаоѓање на разбојникот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk