Украден златен накит вреден 25 000 евра

27.05.2013 08:37 | KumanovoNews

 Златен накит вреден 25 илјади евра, завчера е украден од куќа во месноста Говедарски пат, во близина на Филтер станицата.

Украден златен накит вреден 25 000 евра

Крадците во  куќата на З.И. (61), околу полноќ  влегле преку еден од прозорците, откако насилно го отвориле. При тоа одзеле златни нараквици, ланци и друг накит кој што сопственикот го чувал како капитал за црни денови.

Кражбите се честа појава во Куманово. Граѓаните велат дека не се чувствуваат безбедно во своите домови, а како една од причините за ваквите кривични дела ја посочуваат невработеностa.

Често има кражби. Крадат се и сешто по куќите, а крадците почнаа дури и да кинат златните ланчиња на жените по улиците- вели еден граѓанин.

Не сме безбедни дома, пред еден месец ми украдоа акумулатор и други делови од автомобилот и го оштетија при кражбата а никој не ги фати разбојниците, иако пријавив во полиција- додава друг жител на Kуманово

Парите да се чуваат во банка наместо дома, бидејќи и блиндираните врати за крадците не се проблем, ги обиваат- порачува третиот соговорник.  

Вообичаено мета на крадците се куќите на периферијата на градот велат кумановци, а тоа се потврдува и со последниот голем грабеж на накит. Полицијата работи на пронаоѓање на сторителот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk