Украдени девизи и злато од куќа во Куманово

08.01.2014 11:46 | KumanovoNews

Непознат сторител од куќа на улица “Ѓорче Петров“ завчера украл девизи, златен накит и лаптоп.

Украдени девизи и злато од куќа во Куманово

Во куќата на Ф.Б.(22), во периодот од 15 до 20 часот крадецот влегол отварајќи еден прозорец додека никој немало дома. Промешал по собите и пронашол 2.500 евра, златна бурма, синџирче, прстен, нараквици и лаптоп марка “ачер“. Со богатиот плен побегнал без никој да го види. Причинета е материјална штета од 314.000 денари.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk