Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановец останал без пари и накит откако крадец влегол во неговата куќа и го ограбил.
Разбојништвото се случило вчера во периодот од 18,20 до 23,10 часот во куќата на Р.Н.(54) на ул.„Малотино“, во Куманово, кога непознат сторител влегол и украл 240.000 денари, 4.200 евра во разни апоени и разновиден златен накит. Додека никој немло дома крадецот ја прескокнал оградата од дворот, влегол во куќата, извршил пребарување по собите, по што слегол во подрумската просторија каде насилно ја отворил вратата. По извршено пребарување под каучот го нашол бараниот плен и откако го одзел си заминал. Со тешката кражба причинета е материјална штета од 1.422.700 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk