Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Непознати сторители извршиле разбојништво во куќа во селото Табановце, при што одзеле поголема количина на пари и златен накит.
Разбојништвото било извршено во периодот од јануари до март годинава, додека сопственикот Е.Ј.(62) бил на привремена работа во Швајцарија.
Крадецот со подесен предмет насилно ја отворена влезната врата на едната куќа, извршил пребарување и нашол клучеви од другата куќа сместена во ист двор. Потоа влегол внатре и по извршено пребарување одзел златен накит, околу 7.500 швајцарски франци и евра во разни апоени, 400 американски долари и други разни предмети. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk