Украдени пари во црквата „Света Петка“ во Бедиње

03.05.2023 16:28 | Оливера Пешевска

Непознати сторители насилно влегле во црквата „Света Петка“ во населбата Бедиње, при што одзеле пари. 

Украдени пари во црквата „Света Петка“ во Бедиње

„Вчера во 18 часот во СВР Куманово било пријавено дека со употреба на сила било влезено во црква во село Бедиње, кумановско и биле одземени пари. Парите се одземени од просторот за продажба на свеќи и од иконите. Нема други оштетувања и не е забележано дека недостасуваат сакрални предмети од црквата“, соопштуваат од полицијата.

Ова е втор случај на обивање и грабеж на црква во Куманово за десетина дена, откако предходно мета на напад беше црквата Св. Троица.

 Екипа од СВР Куманово извршила увид на место и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk