Украдено оружје од приватна фирма во Куманово

07.05.2018 08:54 | KumanovoNews

Крадци однеле три пушки и пиштол од приватна фирма во Куманово.

Украдено оружје од приватна фирма во Куманово

Во СВР Куманово, М.Ф. пријавила дека ноќтта во петок на сабота, на улицата „Индустриска“ во фирма за производство на метална галантерија и конструкции ДОО„Филос“, непознати сторители влегле низ отворен прозорец и одзеле неколку парчиња оружја. Украдени се ловна пушка „Бајкал“ модел ИЗ-27, калибар 12 мм, карабин со оптички снајпер марка „Застава М-70“ калибар 8х57мм, пиштол марка „Чешка Зброевка“ калибар 9 мм и ловна пушка марка „Црвена Застава“ калибар 16 мм сите сопственост на Д.Ф.(64) од Куманово.

Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk