Украл Пасат од гаража, па направил сообраќајка

24.02.2014 09:07 | KumanovoNews

Непознат сторител викендов украл автомобил од гаража и потоа со него направил сообраќајка во Скопје.

Украл Пасат од гаража, па направил сообраќајка

Кражбата се случила во саботата околу 22 часот, на ул.„Максим Горки“ бб, во куќата на И.Ш., кој е на привремена работа во Швајцарија. Крадецот насилно го отворил прозорецот од подрумската просторија на куќата, влегол внатре, извршил пребарување по собите и ги пронашол клучевите од „Пасатот“, 2 телевизора и повеќе машини и алати во вредност од околу 307.000 денари. Откако во колата го натоварил пленот побегнал.

Неколку часа подоцана полицијата го пронашла возилото во скопската населба Ченто, откако учествувало во сообраќајна незгода. Возачот успејал да побегна, а полицијата работи на негово пронаоѓење.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk